Сексапилната руска атлетичарка Дарија Клишина, откри дека на нејзина адреса стигнала понуда да се занимава со елитна проституција, а заработувачката од оваа воопшто не требало да биде мала.

-Буквално беше така, само што не го користеа зборот проституција, туку зборот придружба. Од тогаш поминаа шест месеци, да бидам искрена не ја очекував таа понуда,  изјави Клишина.

Русинката објасни дека „посредникот“ ја искористил социјалната мрежа Инстаграм за да и ја претстави понудата.

-Веднаш остро одговорив. „Извини, ама тој предлог не ме интересира“, а потоа следеше неговата реплика: „Чекај, немој толку брзо да ме одбиеш, не ги знаеш ниту условите.“ Повторно напишав „не“ , пријатно, откри руската атлетичарка.

Сепак, упорниот посредник на бизнисменот кој ја посакувал Клишина не се откажал лесно, па и понудил плата за која би работела.

-Двеста илјади долари месечно! Седнав и размислив дали постои девојка која ќе биде импресионирана од оваа понуда, заврши Русинката

Клишина (29) е осовјувачка на сребрен медал од Светското првенство во 2017 година. Таа е една од најдобрите руски атлетичарки во скок во далечина, а е и една од спотристките која не беше вмешана во големата допинг афера во Русија, само затоа што тренирала во Америка.