Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ во програмата има 1198 проекти за сите граѓани, собрание од 90 пратеници и укинување на балансерот се дел од нив

20

„Во програмата има 1198 проекти каде што секој еден граѓанин може да се пронајде. Сега во Собранието има 120 пратеници, ние во програмата предлагаме 90 пратеници и таа тема треба да се отвори. Сакаме заменик директорите да ги скратиме, сакаме да има што помалку членови во управните одбори, балансерот при вработување исто така да се укине, да отвориме дебата за една изборна единица. Македонија треба да се реформира“, истакна Мисајловски. 

Тој додаде и дека она што е стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ, ЕУ и НАТО и реформи во Македонија во било кое поле тоа е приоритет и од тоа нема отстапување.