Мирен протест за осудените за Саздовски: Побараа прeквалификација на претходниот предмет

44
Мирно заврши протестот организиран од роднините на осудените за случајот „Саздовски”. Роднините со разни пароли и вртени со грб кон комплексот  судови побараа преквалификација на кривичното дело  од “свирепо убиство” во “насилство со смртни последици”.
– Осудените не сакаа да му го одземат животот. Тие никогаш не мислеле за убиство и уште помалку за свирепо убиство. Има разни докази, но јасно е дека не сакаат да ги земат предвид. Свирепо убиство беше случајот на Алмир, но велат дека беше собраќајка со смртни последици, изјави Бесар Бела, брат на осудениот Бесир Бела.
Тој додаде дека оваа одлука нема да ја прифатат.
Барањето за превкафиликација на кривичното дело демонстрантите му ја упатија на Врховен суд на РСМ.
Изминатиот период Апелацискиот суд Скопје, ја објави одлуката за случајот ,,Саздо”, со кој на обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, се намали казната затвор од 19 на 16 години затвор (поединечно)
Извор:МИА