МИОА ќе обезбедува викенд дозволи за здруженија за заштита на правата на животните

37

Активистите за бездомни животни, кои се дел од регистирани здруженија, ќе добиваат дозвола два часа дневно во услови на ограничено движење за време на претстојниот продолжен викенд да можат да ги нахранат и да се грижат за бездомните животни, одлучи денеска Кризниот штаб, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

– За таа цел, секое регистрирано друштво за заштита на правата на животните, потребно е до 16 април, најдоцна до 12.00 часот, до Град Скопје, а за здруженија регистрирани во другите градови до општинскиот кризен штаб, да достави пополнет образец, за најмногу пет членови од здружението, стои во соопштението.

Сите пристигнати обрасци, Град Скопје и општинските кризни штабови ќе ги доставуваат  до Министерството за информатичко општество и администрација, од каде барањата за дозвола ќе бидат испроцесирани, и дозволите ќе бидат испратени на маил адресата на секој барател посебно.

Дозволите ќе бидат со важност за 18, 19 и 20 април.

Постапката ќе се повторува за секој нареден викенд се додека трае вонредната состојба, што значи дека секој нареден петок до 12.00 часот, здруженијата за заштита на правата на животните ќе треба да достават пополнет образец до Град Скопје или до општинските кризни штабови, стои во сооптението од МИОА.