Министерот Венко Филипче се огласи преку социјалните мрежи и потврди дека попладнево во земјава пристигнале 11.700 нови дози од вакцината на „Фајзер“, во рамки на програмата за поддршка во снабдувањето со вакцини за Западен Балкан.

Со уште само 5000 дози преостанати на располагање во земјава, како што предходно кажа министерот, новите дози вакцини пристигнаа во нашата земја токму навреме.

Покрај тоа, Филипче уште еднаш апелираше до сите граѓани да се пријавуваат на сајтот за вакцинација.