Пролетта е позната и како сезона на младите компирчиња, а тоа е причина повеќе тие да ви бидат главна состојка на ручекот, додека сезоната го дозволува тоа.

Кога ќе ги потопите во густ слој на кремастиот бешамел сос, ќе заборавите на потребата да го вметнете вообичаениот прилог од месо во ручекот.

Состојки:

За бешамелот:

  • 40 гр путер
  • 40 гр брашно
  • 400-500 мл млеко
  • бибер, сол и морско оревче

Останато:

  • 5-6 средни млади компирчиња
  • сув зачин или сол
  • лук во прав
  • сирење (околу 150 гр.)
  • неколку шери домати

Подготовка:

Се топи путерот, потоа се додава брашното и се меша додека не се соедини. Постепено додавајте го млекото и мешајте додека не се згусне. Додадете зачини и продолжете да мешате. Кога ќе се згусне, готово е.

Исечете ги компирите на прстени, што е можно потенки. Додадете сол, лук во прав и масло, а потоа промешајте.

Истурете малку од бешамелот во сад и распоредете го убаво. Ставете дел компири, па изрендајте сирење по вкус. Потоа повторете ја постапката: бешамелот, па компирите, сирењето и така натаму сè додека не го потрошите материјалот. Последниот слој треба да завршува со бешамел. Покријте со фолија, а потоа печете на 200 ° C околу 40 минути. Потоа отстранете ја фолијата, додадете повеќе рендано сирење и по некој шери домат и вратете ги на печеше уште 10-15 минути.