Минатата година во Полска биле регрутирани рекорден број војници

125

Полскиот министер за одбрана Мариус Блашчак денеска изјави дека вооружените сили на земјата регрутирале најголем број војници минатата година откако го прекина регрутирањето во 2008 година, бидејќи рускиот напад врз Украина предизвика поголем интерес за одбраната на татковината.

Како што рече, Полска во текот на 2022 година регрутирала повеќе од 13.500 професионални војници, јавуваат полските медиуми.

Тој истакнува дека тоа е околу 8 отсто од вкупните полски вооружени сили кои брои 164.000 војници.

Тој додаде дека Полска, која граничи со руската ексклава Калининградска област, има намера да ги зголеми своите вооружени сили на околу 300.000 професионални војници во текот на следните години.