Милчо Манчевски отстапи дел од своите филмови на општината

334

Познатиот македонски режисер Милчо Манчевски отстапи дел од своите филмови на општина Крушево да ги емитува како дел од настаните организирани во рамки на годишната програма за култура.

– Испраќам срдечна благодарност до нашиот познат режисер Милчо Манчевски кој ги отстапи филмовите на наше користење и истовремено овозможи преку нашите настани да ја промовираме македонската филмска продукција и самиот режисер – изјави градоначалникот по подигнувањето на филмовите од Банана Филм ДООЕЛ продукција.

Филмовите кои ќе се прикажуваат се „Мајки“, „Пред дождот“, „Сенки“ и „Прашина“

Веќе првиот филм ќе биде емитуван како дел од фестивалот When in Krusevo викендот што следи од 21 до 23 јуни, а останатите како дел од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ и други настани во рамки на културната програма.