Милијардер ја шокираше јавноста: Ја користи крвта на својот син за да се подмлади/ФОТО

285
Фото: Instagram
Контроверзниот богаташ Брајан Џонсон (45) се обидува на секој начин да се подмлади. Овој пат шокираше со нов подвиг – размена на крв од три генерации. Брајан примил трансфузија на крв од неговиот 17-годишен син Талмаге, на кого за таа прилика му извадиле литар крв, се издвоила плазма и се инјектирала во кардиоваскуларниот систем на Брајан, пренесува Најзена.Брајан верува дека младата крв може да го забави процесот на стареење во неговото тело и да го поправи настанатото оштетување на клетките. Истата процедура ја направил и на својот татко Ричард (70), само Брајан во тоа време бил млад крводарител. Тие извршија размена на крв од три генерации во Resurgence Wellness, болница со футуристички изглед во Арлингтон, Тексас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bryan Johnson (@bryanjohnson_)

Како што е наведено, Брајан се водел од истражувањето спроведено на глувци. Тие сугерираат дека кога постар глодар ќе добие крв од помлад, може да дојде до т.н обратно стареење. Сепак, нема докази дека такво нешто би можело да функционира кај луѓето. Напротив, може да биде опасно поради можна силна имунолошка реакција на примачот.

Овој богаташ годишно троши околу два милиони долари за да се подмлади и повторно да изгледа како 18-годишник. Тој има своја цел, која вклучува „мозок, срце, бели дробови, црн дроб, бубрези, тетиви, заби, кожа, коса, мочен меур и гениталии на 18-годишник“.

Џонсон вработил тим од 30 лекари и здравствени работници за да ја следат секоја негова телесна функција. Овој план бараше не само надзор на лекарите, туку и создавање на мала клиника во домот на Џонсон во Калифорнија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bryan Johnson (@bryanjohnson_)