Министерот за економија Крешник Бектеши на денеска кажа дека мерката за замрзнати цени на одредени земјоделски производи нема да биде продолжена по нејзиното завршување предвидено на 31 мај.

– Нема да продолжи мерката во делот на земјоделските производи, имајќи во предвид дека, согласно податоците што ги имаме  повеќето од производите се и пониски од нивото на замрзнување кое сме го имале претходно, рече Бектеши на денешната прес конференција.

Изминариов период токму поради оваа мерка, голем дел од маркетите во малопродажбата се одлучија да не ги продаваат дел од производите опфатени со мерката.

Министерот нагласи дека мерки од страна на Владата може да има само доколку од 1 јуни биде забележана злоупотреба од страна на трговците.

Бектеши  смета дека инфлацијата во јуни ќе биде под нивото од 10 отсто. Тоа според него е помала од тоа што претходно беше проектирано од Народната банка.

Инаку, Бектеши денеска имаше  средбата со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац.двајцата министри  потпишаа билатерални договори меѓу Владите на двете земји – за економска соработка и соработка во областа на туризмот.