Миа Костова искрено: Aндрија беше жртва на булинг – „врсничкото насилство доаѓа од дома“/ВИДЕО

408
Printscreen/Youtube

Поранешната водителка, а сега активна инфлуенсерка, Миа Костова, на социјалните мрежи проговори за булингот и врсничкото насилство.

Во видеото таа раскажа дека пријавила првиот пат кога Андрија бил жртва на булинг, а кога дете од одделението му рекло: „Ти немаш татко, мајка ти те родила по грешка и морала да те чува“.

Иако добила поддршка од сите во училиштето, целата приказна завршила со ветување дека „веќе нема да се повтори“.

„Не знам дали забележавте ама последниве три дена малку помалку сум активна од причина што сѐ она што се случува околу Андрија ми ја зима силата.

Колку и да стојам на ставот дека треба ‘да вратиш’ во 21 век, сепак сум горда на воспитувањето и на сѐ она што е тој денес.

Булинг е сељачка работа.

Во наше време беше некако оправдан со по некој памар и лош збор но, никако не поддржана со муабети од возрасните. Па ќе ти речат ‘ајјј бе нас како не малтретирале’ Денес е поинаку.

Затоа, биди најдобра верзија од себе пред своето дете.“, напиша Костова на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Kostova (@miandrija)