Закерберг покажа човечност: Mногумина ќе се збогатат – „Мета“ го дели богатството

123

Најголема добивка ќе имаат Vangard Group и BlekRok, додека сопственикот на Meta ќе стане побогат за 175 милиони долари.

Марк Цукерберг ја изненади јавноста кога на сослушувањето во американскиот Сенат посветен на безбедноста на децата на Интернет, јавно им се извини на семејствата кои претрпеле „секаква штета или болка“ поради практиките што неговата компанија Мета ги користи на социјалните мрежи што ги поседува.

Покажа дека сѐ уште е човек од крв и месо.

Само неколку дена подоцна, пристигнува ново изненадување: Мета на Цукерберг за прв пат ќе исплати дивиденда, со што некои акционери ќе се збогатат.

Технолошкиот гигант ги поседува Instagram, Facebook и WhatsApp. Во соопштението за печатот, Цукерберг го припиша минатогодишниот раст на бизнисот на извршувањето на иницијативата на Центарот за податоци, отпуштањето на 10.000 работници и унапредувањето на вештачката интелигенција и метаверзумот.

„Годината на ефикасност“ на Мета, дизајнирана од Закерберг во март минатата година, добро им се исплати на акционерите, пишува Би-Би-Си.

Ако му се верува на соопштението за медиумите, Управниот одбор на Мета објави дивиденда од 0,50 долари за секоја редовна акција од класа А и класа Б, а исплатата ќе биде извршена на 26 март годинава.

После тоа ќе се исплаќа дивиденда на секои три месеци се додека има пазарни услови (читај – заработка). Исплатата ќе има најголемо влијание врз Vangard Group и BlackRock, кои се најголеми акционери, но и врз Мајкл Шрепфер и Дејвид Фишер – технички и финансиски директор на Мета.

Закерберг преку оваа исплата ќе заработи околу 175 милиони долари, со оглед на тоа што поседува акции на Мета вредни 350 милиони долари, пренесува хрватски Индекс.

Потегот кој го направи пионерот на социјалните мрежи наиде на општа поддршка кај инвеститорите и пазарот: по објавувањето на исплатата на дивидендата, акциите на компанијата пораснаа за 20%, а беа купени дури 50 милијарди долари од акциите на Мета.

Оваа исплата претставува отстапување од претходната норма на Мета за чување големи парични резерви за преземање други компании или финансирање на истражување и развој.