По одличниот старт и победата над Младост, кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа неочекуван пораз од Рогашка со 80:64 во рамки на 2. коло во АБА2 лигата.

Натпреварот беше решен во вториот период кој противникот го доби со 28:16 и на полувреме се замина со негатива од 16 поени, кои на крајот се покажаа како клучни во поразот на „металците“.

Стојановски и Дејвис беа најефикасни кај МЗТ со по 12 поени, а Вујачиќ го предводеше тимот на Рогашка со 19 поени.

МЗТ Скопје го заврши настапот во првиот балон со една победа и еден пораз, а утре својот втор натпревар ќе го одигра и Пелистер.