Еден од најпознатите УФЦ борци Мајк Пери (29) обвинет е од страна на поранешната сопруга Даниел Никерсон за насилно однесување. Прославениот борец и поранешната тенисерка четири години беа во љубовна врска пред да се одлучат да се венчаат. Но, бракот не траеше долго, само половина година, а причината за тоа било неговиот луд карактер. Пери е познат по своето насилничко однесување, пред неколку месеци го нокаутираше еден постар господин во ресторан пред голем број на сведоци.

Сега се соочува со уште потешко обвинение, насилно однесување во семеството. Даниел во изјава за медиумите опиша како ММА борецот ја малтретирал скоро секој ден.

-Ова не го правам за да го повредам. Знам дека моите зборови нема да имаат никакво влијание на неговата кариера. Не е тоа нешто по што УФЦ ќе одлучи да му даде отказ. Јас немама такво влијание на тие работи. Ова го правам за да им помогнам на другите. Вака пуштам глас за да помогнам на некои други жртви на семејно насилство. Мојот маж ме бркаше низ цела куќа и ме тепаше се ддека не се умори. Се надевам дека тоа ќе биде нешто што ќе доведе до тоа УФЦ повеќе ќе проверува каква штета нанесуваат ударите во глава и подобро ќе се погрижат за борците, изјави Даниел