Зголемениот број на инфекции со коронавирусот во Италија може да ја принуди Владата да воведе национален полициски час или целосна блокада, објави „Кориере дела сера“.

Владата, најверојатно, ќе воведе ограничувања ако смета дека постојните мерки, како што се маски на отворено, немаат доволно ефект да ја запрат пандемијата.Покрај тоа, официјалните лица работат на список на несуштински активности што можат да бидат запрени.

Полицискиот час се очекува да биде воведен доколку кривата поврзана со бројот на пациенти на интензивна нега „не се врати назад за седум дена“. Ако има полициски час тој е биде од 21 часот.

Доколку таа мерка не успее и бројот на луѓе на кои им е потребна интензивна нега достигне 2.300, владата може да биде принудена да ја блокира земјата.