Меѓународни потерници за Груевски и Бошковски за настаните од 27 ми април

61

Oбвинителството за организиран криминал испрати наредби до МВР да издаде централни и меѓународни потерници на експремиерот Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски.
Тие се дел од 5 мина осомничени како организатори на 27 април. На Груевски и Бошковски им е определен и притвор во отсуство бидејки подолго време се во бегство, едниот е во Унгарија каде доби и азил а другиот во Грција чиј Врховен суд го одби барањето да ги екстрадира во земјава. По отворањето на истрагата, надлежните најавија и нови барања за екстрадиција поради новата истрага за овие двајца осомничени. За Груевски и Бошковски веќе има објавено меѓународни потерници на сајтот на МВР според кои експремиерот се бара за правосилната пресуда за случајот Тенк а Бошковски за предметот Таргет Тврдина.
На 20ти февруари февруари беа притворени ексминистрите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски. По иницдентот во Шутка и по жалбите на одбраната Јанакиевски два дена подоцна беше вратен во домашен притвор. Обвинителството бараше притвор и за пратеникот Трајко Велјановски но Собранието не гласаше за одземање на имунитетот а рокот од три дена истече. Според последните инфомрации од обвинителството за сега не планираат да бараат нови мерки за Вељановски.