Меси доби писмо од тинејџерот кој чека смртна казна

407

Фамилијата на 20-годишниот Мохамед ал-Фарај, кој може да добие смртна казна поради непочитување на законите на владата на Саудиска Арабија, побара помош од најголемата ѕвезда во дресот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Лионел Меси.

Пред пет години, Мохамед беше уапсен, иако беше малолетен, додека бил во куглана со своите пријатели. Во обвинението е наведено дека Мохамед има направно неколку казнени дела против владата на Саудиска Арабија, а најверојатно станува збор за неговото учевство во антивладините протести.

Поради тоа, ал-Фарај се соочува со смртна казна, тоа го бара обвинителот, а неговата фамилија пак тврди дека Мохамед завршил во затвор за возрасни каде бил мачен и испрашуван.

Фамилијата на Мохамед бара помош на сите страни и затоа испратија писмо и до Лионел Меси затоа што Аргентинецот е амбасадор на Саудиска Арабија од мај 2022 година.

  • Ве молиме, да посветите малку внимание. Ве молиме, ако е тоа можно, да ја ублажите судбината на нашиот сакан Мохамед, кој ни беше земен додека беше дете. Како туристички амбасадор на Саудиска Арабија вие имате големо влијание. Дали може тоа да го искористите за да го спасите животот на овој млад човек? Чуварите во затворот го тепаа неколку часа, го удираа со нога и му ги врзаа рацете над главата. Како можеа така брутално да се однесуваат кој едно дете?, пишува во писмото.

Пред неколку месеци слично такво писмо доби и повеќекратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, а беше испратено од родителите на Абдулах ал-Ховаити, кој беше уапсен во 2017 година. Тогаш имаше само 14-години, а кога наполни 17 години беше осуден на смртна казна.

  • Да се слушне една ваква приказна е повеќе од шок. Слушнав дека писмото ми го има испратено 14-годишно дете кое е осудено на смрт. Кога имаш 14-години, не знаеш, по ѓаволите, што правиш во животот, изјави Британецот.

Една година претходно, Хамилтон изјави дека не се чувствува убаво кога е во Саудиска Арабија и додаде дека е таму затоа што така одлучиле челниците во Ф1.

Од друга страна, Меси постојано е критикуван поради рекламирањето на Саудиска Арабија. Пред неколку месеци со оваа тема се позанимава и норвешкиот огранок на Amnesty International.

  • Користат познато лице и пари за да пренасочат вниманието од фактот дека во земјата се мачат и убиваат многу луѓе. Кога Меси ја рекламира Саудиска Арабија тој не ја покажува темната страна, а тоа, за жал е само еден дел од многуте делови на големата игра. Меси има повеќе од 300 милиони фанови на Инстаграм и е четврта најплатена личност на таа апликација. Тоа што го објавува може да влијае на голем број луѓе. Не убаво кога не ја покажува темната страна на земјата, објави Amnesty Norge на Твитер.