Европската унија треба да го одржи дијалогот со Русија и покрај големите разлики околу прашањето за безбедноста и конфликтите во Украина и Сирија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел пред разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Русија е голем предизвик за нас, но Русија е исто така континентален сосед на ЕУ и ние треба да осигураме дека сите хибридни напади ќе бидат запрени.Но, од друга страна, имаме интерес да останеме во дијалог со Русија ако сакаме безбедност и стабилност во ЕУ, без оглед колку е тешко тоа“ – рече Меркел на заедничката прес-конференција

Меркел изјави дека „верува дека кога американскиот претседател Џо Бајден се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и одржа отворен дијалог, тогаш е важно и ние да го сториме истото од европска страна“.