Фудбалските репрезентации на Хрватска и Чешка, ремизираа 1:1 на вториот натпревар од Европското првенство. Чесите поведоа во првото полувреме од пенал со голот на Патрик Шик, а херојот на Хрватите беше Иван Перишиќ, кој со одличен гол донесе изедначување за својата репрезентација и ја остави во игра за следната фаза од натпреварувањето.

Шик го постигна голот за Чешка во 37. минута од мечот, а овој резултат го задржаа и до полувремето. Сепак Хрватска заигра далеку подобро во второто полувреме, а изедначувањето дојде по само две минути игра кога Перишиќ го изедначи резултатот на 1:1.

Претходно репрезентацијата на Шведска ја совлада Словачка со 1:0, а победничкиот гол го даде Форсберг од белата точка