Мендух Тачи: Се надевам дека поспособните ќе победат

38

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи гласаше за локалните избори на гласачко место 1981/1 во објектот Стара градинка.

-Мислам дека треба да бидат фер, коректни и демократски избори. Се надевам дека поспособните ќе победат. За терминалите за идентификација, се очекуваше дека такви проблеми ќе има, се надевам да бидат технички. Би било добро во текот на денот, да се види да бидат во ред сите работи да не оставиме простор да некој се сомнева на можни манипулации, изјави Мендух Тачи.