Менаџерското столче за Постекоглу

50

Трофејниот австралиски тренер со грчко потекло, Анге Постекоглу, во следните неколку дена и официјално ќе биде преставен како нов менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем. Британските медиуми потврдија дека Постекоглу веќе ги информирал раководните лица на актуелниот шампион на Шкотска, тимот на Селтик, дека веќе постигнал договор со челниците на Тотенхем и дека сака да се пресели во Лондон.