Спектакуларниот УФЦ-настан во Абу Даби заврши со изненадувачка победа на Дастин Поирие над Конор Мекгрегор во борбата за титула. Така, една година по последната борба, ирскиот борец беше поразен по враќањето во октагон со нокаут, прв во неговата кариера.

Конор по трети пат во кариерата се врати од пензија. И покрај тоа што беше нокаутиран, Ирецот заработи многу повеќе пари од Поирие. Несомнено, Мекгрегор е една од најголемите sвезди во УФЦ. Постојат подобри и подоминантни борци од Ирецот, но тој е едноставно планетарно популарен и некој што заработува огромни пари поради својот статус.

  • Нискиот удар што го добив во листот е многу добар, ногата ми откажа и не се чувствував како што посакував. Дастин е добар борец, мора да го преболам ова и да се вратам. Тоа е она што ќе го сторам. Ми недостасува активност, не можете да бидете неактивни во работата. Јас сум ужасно разочаран. Вложив толку многу работа. Ова е тешко да се проголта, истакна Конор по борбата.

Што се однесува до самата заработка, ММА е далеку од бокс во тој поглед. На пример, Канело заработи 20 милиони долари на неговиот натпревар против Калум Смит, додека во ММА тие бројки се сè уште значително помали.

Сепак, и покрај поразот во Абу Даби од Дастин Поирие, Мекгрегор заработи пет милиони долари, додека победникот доби „само“ еден милион долари.

За Американецот тоа е дури и најпрофитабилната борба во неговата кариера, додека Конор заработи многу повеќе во претходните борби.

Сепак, треба да се истакне дека Мекгрегор го одржа својот збор и донираше половина милион долари пред борбата на американската добротворна организација „Фондација добра борба“.