Шеснаесетгодиншната Шпанка Маја Вег ќе биде првата девојка што ќе зачекори во „Академијата за возачи“ во рамките на Ферари. Во претходниот период таа возеше картинг.

Вег потпиша договор според кој ќе биде во развојната програма една година и ќе вози во ФИА Формула 4 шампионатот, чиј распоред сè уште не е утврден.

Вег беше избрана во конкуренција на четири девојки во Фиоран по голем број тестови, кои вклучуваа проверка на физичките способности, комуникација, справување со симулатор и дводневно возење со Ф4-болиди.

  • Немам зборови за да опишам како се чувствувам. За мене, ова беше сон, уште од моментот кога започнав со картинг. Да се ​​биде дел од Ферари е нешто неверојатно. Благодарна сум на Академијата на Ферари. Едвај чекам да започне сезоната во Ф4 шампионатот. Се надевам дека ќе напредувам од натпревар во натпревар, истакна Вег.