Најпопуларниот ММА борец, Конор Мекгрегор, го продаде мнозинскиот удел во виски „Пропер 12“, бренд што тој самиот го започна. Американските медиуми пишуваат дека купувач е мексиканската компанија „Бекл“, која платила дури 150 милиони долари за 51% од сопственички удел.

Со оглед на тоа што богатството на Конор се проценуваше на 130 милиони долари пред овој договор, тој ја дуплираше оваа сума со новата продажба. За какви пари станува збор, покажува и фактот дека Конор заработил „само“ 50 милиони долари од борби во текот на неговата кариера, а сега ја заработил тројно повеќе од заработката надвор од октагонот.