МВР потврди: Нема повредени во пожарот во „Рагуза“

811

Нема повредени во пожарот што вчера вечер на сред свада изби во ресторанот „Рагуза“ на покривот на катната гаража во центарот на Скопје, потврдија од МВР. По брзата интервенција на противпожарните служби пожарот е изгаснат и спречена е поголема материјална штета.

Пожарот избил во кујната на ресторанот за време на свадбената прослава на која присуствувале над 200 гости.

Засега нема подетални информации како избувнал пожарот во елитниот скопски ресторан, а од МВР соопштија дека увидот е во тек.