Британскиот тенисер Енди Мареј, доби специјална покана за настап на последниот грен слем турнир сезонава Ролан Гарос. Поранешниот прв тенисер во светот е единствениот кој не е Французина, а на своја адреса доби покана за турнирот.

Мареј доби вајлд – карта и за САД Опен, откао падна на 129 место на АТП листата по повредата на карлицата и потколеницата. Негов најдобар пласман на турнирот во Париз му е пласманот во финалето во 2016 година кога загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ во четири сета.