Не ми се верува дека кажа такви лаги!

113
Цели 12 години Давид Алаба го носи дресот на новиот европски клупски шампион Баерн (М). Австрискиот интернационалец се пресели во Баварија кога имаше само 16 години и со најтрофејниот клуб во германската Бундеслига освои се што можеше да се освои.
Сепак, последните информации кои пристигнуваат од „Алијанц арена“ јасно покажуваат дека Алаба планира да ја промени клупската средина до крајот на летниот преоден рок, а парите се единствената причина за таквиот негов потег.
Пред неколку дена, почесниот претседател на баварскиот гигант, Ули Хенес, изјави дека агентот на Алаба е лакома Пирана која бара нереална парична сума за својот клиент. Неколку дена подоцна, на таквите обвинувања одговор даде и таткото на Давид, Џорџ Алаба, кој изјавите на Хенес ги дефинираше како невидена лага.
  • Го донесов Алаба во Баерн (М) уште како дете. На неколку пати можеше да си замине во некој друг клуб, затоа што имаше многу официјални понуди, но тој сакаше да биде верен на Баерн (М). Не очекував дека некој од Баерн (М) ќе изговори такви лаги во медиумите околу платата и должината на договорот на мојот син. Тврдењето деке не можеме да се договориме околу парите е повеќе од смешно. Единствениот факт е тој дека ние имаме неколку планови, а Баерн (М) не сака да прифати неколку работи кои ние ги понудивме, изјави Џорџ Алаба.