Ракометната репрезентација на Македонија со три порази во исто толку натпревари гозаврши настапот на 15. Европското првенство.

По поразите од Словенија и Црна Гора, нашиот национален тим загуби и од Данска со 31:21 во рамки на групната фаза на континенталниот собир.

Данците и со комбиниран состав покажаа зошто се главни фаворити за златото и против Македонија дојдоа до седмата победа во осмиот меѓусебен дуел и воедно ја извојуваа највисоката победа во пресметките на големата сцена.

Пешевски беше најдобар поединец во македонскиот табор со шест гола од исто толку обиди, додека Талески беше втор стрелец со три гола, но од дури десет обиди кон противничкиот гол.

Фото: П. Стојановски