Ни феномен, ни предрасуда:Најдепресивниот трет понеделник во јануари е всушност маркетиншки трик

78

Третиот понеделник во јануари со години се нарекува најдепресивен ден во годината. Теоријата за „тажниот понеделник“ беше воспоставена во 2004 година од Клиф Арнал, велшки психолог кој предаваше во вечерното училиште на образовниот центар на Универзитетот во Кардиф.

Самопрогласениот гуру зел предвид бројни фактори, меѓу кои временските услови, долгови, времето што поминало од Божиќ и мотивацијата.

Но, „Тажниот понеделник“ е во основа идеја на маркетинг компанија која сакаше да ја зголеми продажбата на летните аранжмани.

Арнал еднаш призна дека едноставно го избрал датумот кога од него било побарано да го пресмета најдепресивниот ден во годината.

„Прво ме замолија да смислам ден што мислам дека е најдобар за резервација на летен одмор. „Кога почнав да размислувам за мотивите да резервирам одмор, сеќавајќи се на она што ми го кажаа илјадници луѓе за време на работа или работилници, овие фактори укажуваа дека третиот понеделник во јануари беше особено депресивен“, објасни Арнал.

www.cipd.co.uk