Откако заврши и главната фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка, голем дел од репрезентациите почнаа да ги кројат плановите за пласман на Мундијалот, кој наредната година ќе се одигра во Полска и Шведска.

Репрезентациите кои се пласираа од 16 до 24 место на ЕП, меѓу кои е и Македонија која заврши на 22 место, ќе бидат во првиот шешир односно во делот на носители пред ждрепката за првиот бараж.

Можни ривали во првиот бараж на „црвено – жолтите“ им се селекциите на Швајцарија, Романија, Грција, Белгија, Финска, Естонија, Израел, Фарски Острови и Италија. Двомечот од бараж 1 ќе се игра кон средината на март. Победниците од овој бараж ќе се најдат во шеширот 2, односно оној на неносители и ќе играат против селекциите пласирани од 6 до 15 место со исклучок на Полска.

Репрезентациите што ќе освојат медали на ЕП 2022 директно одат на Мундијалот, но со оглед на тоа што Данска и Шведска кои имаат директен пласман на СП се во полуфиналето и петтото место носи пласман на Мундијалот. Останатите девет места за Европа ќе се пополнат преку баражите.

Македонија досега седум пати беше дел од Мундијалите, од кои пет пати во низа, но икогаш нема направено значителен пламан подобар од 9- то место. Тоа се случи на шампионатот во Катар во 2015 година.

Квалификации за СП 2023: Бараж 1, 14-20 март – шешир 1: Украина, Босна и Херцеговина, Македонија, Литванија, Словенија, Португалија, Белорусија, Австрија, Словачка, шешир 2: Швајцарија, Романија, Естонија, Финска, Израел, Фарски Острови, Италија, Белгија, Грција

Бараж 2, 11-17 април – шешир 1: Србија, Чешка, Унгарија, Русија, Црна Гора, Хрватска, Холандија, Германија, Исланд/Норвешка, шешир 2: девет победници од бараж 1