Локвенец: Објавениот разговор со Заев покажува зошто мораше да се донесе Законот за ЈО

67

Неовластено снимениот разговор покажува зошто мораше да се донесе Законот за Јавно обвинителство, покажува како со него се надминува одлуката на Врховен суд, изјави Хари Локвенец, пратеник од СДСМ, коментирајќи ја аудиоснимката што ја пушти Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова, според Локвенец, е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство не можат да функционираат без лаги и конструкции.

-Претседателот Заев во објавените тонски снимки ја коментира одлуката на Врховен суд за непостапување за предметите од СЈО по јуни 2017 година, состојба со која предметите паѓаа доколку не се изгласаше Законот за јавно обвинителство. Разговорот некој од присутните неовластено го снимал додека се разговара за причините и потребата зошто треба да се донесе Законот за јавно обвинителство, рече Локвенец.

Пратеникот и функционер на СДСМ вели дека Милошоски го знае новиот закон, како и Груевски и Мицкоски и оти тие исто така знаат дека предметите ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази.

-Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен, изјави Локвенец.

Порача граѓаните, како што рече, убаво да слушаат „како се ставани и вадени тонски парчиња во објавената снимка“.

-Но и покрај тоа ВМРО-ДПМНЕ не успева да направи конструкција. Денес е јасно. Ние се боревме предметите да добијат правна разрешница, бидејќи како што се слуша во разговорот, таа беше загрозена.

Ја добивме битката, ние бевме за Законот и за правна разрешница на сите предмети од СЈО врз основа на обезбедените докази, а тие беа против законот и против правда, рече Локвенец.

.