Летна дилема! За која ви “фаќа“ око?

154

На македонските убавици – водителките Марјана Станојковска и Миа Костова, сметките им ги мрси српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ

Жешкото лето, дури и тропско, невообичаено за нашите краеви поради повеќенеделните температури околу плус 40 степени, најмалку им пречи на познатите пејачки, водителки, актерки… кои како одвај да го дочекале ова, па не само да уживаат туку и да покажат сè што имаат од природната убавина. Двете наши водителки – Марјана Станојковска и Миа Костова уживаат во животот на тропските горештини, се разбира покрај вода, без разлика дали е базен или плажа.

Атрактивната Марјана со големо срце кое го држи во рацете, а кое е всушност гума за пливање, од еден убав скопски базен порачува дека сега-засега фаќа боја за море, бидејќи до крајот на летото има уште доволно време.

Згодната Миа Костова е замината на море, во Албанија, замината е со првите јунски горештини. Веќе има фатено боја на чоколадо, а во црното минимално бикини во прв план ја истакнува својата тетоважа. Миа признава дека е голема љубителка на тетоважите, а на нив повеќе ќе им се посвети откако ќе се врати од море.

И сега, да видиме дали во оваа летна (македонска) шема сметките им ги мрси српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ? Фановите на ќерката на Цеца се едногласни во тоа дека за нив Анастасија е најубава на светот, а за да им докаже дека се во право, пејачката постојано ги чести со фотографии во бикини од куќата на Кипар. И тоа во карактеристична поза преку која им ја подгрева фантазијата, се разбира на своите машки обожаватели. Но, прашањето е многу едноставно: За која ви “фаќа“ око?! Точниот одговор е гратис разладување со некоја од нив! Убавини…. Д.М. foto:FB