Кошаркарите на Милвоки намалија во финалната серија против Феникс (2-1), откако во третиот меч славеа на домашен терен со 120:100. Клучен дел од натпреварот беше втората четвртина која „сонцата“ ја добија со 35:17 за голема победа и враќање „во живот“ во финалната серија во НБА лигата.

Сосема очекувано најефикасен во победничкиот тим беше Јанис Адетокумбо со 41 поен и 13 скокови, со што стана само вториот кошаркар во историјата кој во финалната серија одиграл два меча во низа со најмалку 40 поени и 10 скокови. Пред него тоа му успеа на Шекил О‘Нил во 2000 година. Исто така Јанис е на половина пат до рекордот на Мајкл Џордан од четири натпревари во низа во финалето со најмалку 40 поени.

  • Јас не сум Мајкл Џордан, само се обидувам да уживам во играта. Се обидувам да играм најдобро што можам, да се донесам во позиција да бидам успешен. Секој пат кога ќе ја добијам топката, давам максимум, истакна Адетокумбо.

покрај него, солидно издание имаше и Џру Холидеј со 21 поен, додека на спротивната страна 19 поени запиша Крис Пол.

Четвртиот натпревар се игра ноќта помеѓу среда и четврток, исто така во „Фисерв Форум“ арената во Милвоки.