Лесен, мирисен и сочен:Куглоф со портокал

90
Фото:KamranAydinov on Freepik

Во периодот на велигденски десерти, традиционални милиброди, разни слатки лебови, земички со крст, и други традиционални празнични слатки кои се послужуваат на велигденската трпеза во земјите кои што го одбележуваат христијанскиот празник, пробајте еден малку поинаков, а сепак близок до вкусот и состојките -сочнен десерт со вкус на портокал.

Направете го во класичен калап за куглов и вашето попладневно кафепиење ќе добие празничен шмек.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 260 гр шеќер
  • 2 ванилин шеќери
  • 1,6 дл масло
  • 1,5 дл цеден сок од портокал
  • кора од еден лимон (органски)
  • малку рум
  • 1 прашок за пециво
  • 330 гр меко брашно

Подготовка:

Се матат јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер, па се додаваат маслото и сокот од цеден портокал. Ако имате органски лимони, додадете кора од лимон (од еден лимон)

Потоа додадете малку рум, а на крајот измешајте го брашното измешано со прашокот за печиво.

Смесата истурете ја во намрсен и набрашнет калап за куглоф. Печете на 180 степени 45 до 55 минути додека убаво не поруменат и лесно се одвојат од страните на калапот.

Послужете го куглофот посипан со шеќер во прав, а по желба можете да го премачкате со чоколадна глазура од бело или темно чоколадо.