Ленче Кукиќ: Со моето пеење и победата во шоуто “Никогаш не е доцна“ – бев како во некој сон

582

На Ленче Кукиќ фолкерката од Струмица, со  учеството во балканското мегашоу “Никад није касно“ и се оствари сонот за широката естрадна популарност од Вардар до Триглав. – Со учеството во „Никогаш не е доцна” го искористив еден вистински момент, бидејќи моите почетоци во кариерата се врзани со 1991 година со распадот на Југославија. Тогаш како многу помлада пејачка  немав шанса да ме запознае целата таа голема држава. Сега на некој начин грешката е исправена, па се случи тоа што требало да се случи, вели убавата Ленче.

Сега сум презадоволна. Ми се оствари тогашниот сон и успеав да се претставам пред милионската публика. А, сето тоа нормално дека со себе носи и повеќе пејачки ангажмани и повеќе настапи со што ми се збогатува пејачката кариера.

Затоа, за мене навистина настапот во “Никад није касно“  беше остварување на амбиции од пред 30 години. Тоа што го посакав, го добивам подоцна.

Ленче, раскажува и за впечатоците од самиот настап, на кој таа победи: – Со себе носам само прекрасни спомени. Толку силни емоции, што дури понекогаш посакувам да ми се врати учеството, па да го повторам целиот тој ангажман. Ми беше како во некој преубав сон. Во „Никад није касно” имав комуникација со врвни професионалци кои си ја знаат својата работата во шоу бизнисот, а организација им е на највисоко ниво…

Самата сцена е, што да ви кажам! Санремовска! За воодушевување. Сето тоа е одлично искомбинирано со гостите и публиката, а потврдата за тоа е и милионскиот тв-аудиториум.

Благодарна сум на можноста која ми се даде со пеењето во Белград. Тоа  е моето видување, моето мислење, искрена е нашата Ленче.    Д.М.