Лежечки полицајци пред ООУ „Х.Т.Карпош“

129

Поставени се два нови, „лежечки полицајци“ на улицата „Орце Николов“, пред основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“, во урбана заедница Карпош 1.

Од општина Карпош велат дека станува збор за еден обичен и еден интелигентен „лежечки полицаец“, кои имаат за цел да ја забават брзината на движење на моторните возила и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Во изминатиот период, ваков тип на сигнализација беше поставен пред повеќе основни училишта во Карпош: „Јан Амос Коменски“, „Војдан Чернодрински“, „Братство“, „Димо Хаџи Димов“ и „Вера Циривири Трена“.