Лајчак: Се согласивме дека сите досегашни договори мора целосно да се применат

28

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, допатува во Приштина каде доцна синоќа се сретна со премиерот Албин Курти и со шефот на приштинскиот преговарачки тим, Бесник Бислими.

„Се договоривме дека сите досегашни договори во дијалогот мора целосно да се спроведат“, вели Лајчак. Тој преку Твитер изјави дека ги продолжува разговорите во Приштина за следните чекори за нормализирање на односите со Белград.

„Се вратив во Косово за да продолжам со искрени, отворени и интензивни разговори со премиерот Албин Курти и главниот преговарач Бесник Бислими за следните чекори и патот кон нормализирање на односите со Србија“, напиша Лајчак.

Исто така, како што посочи, тие „се договориле дека сите досегашни договори во дијалогот мора целосно да се спроведат”.