Лајчак откри детали од средбата со Вучиќ

192

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, вечерва по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи и ги откри деталите од нивната средба.

„Во нашата дискусија се фокусиравме на стратешката перспектива за 2024 година, ја разгледавме состојбата на дијалогот и разговаравме за следните чекори во нормализацијата на односите со Косово“, напиша Лајчак по средбата со Вучиќ.

Вучиќ претходно денеска на Инстаграм се огласи за содржината на разговорот со Лајчак, кој го оцени како „конструктивен и многу коректен“.

„Јас укажав на неопходноста од формирање Заедница на српски општини, најитно одржување на локални избори на северот на Косово и побарав поддршка од ЕУ за спречување на натамошните провокации кои доаѓаат од Приштина“, рече Вучиќ.

Тој напиша дека изразил подготвеност да ги исполни своите обврски почитувајќи го Уставот на Србија и Повелбата на ОН.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина утре ќе престојува во Приштина.