Куче во Автокоманда се пали на женски сукњи

226

Кафеаво улично куче вчера нападнало повозрасна жена во Автокоманда. Жената видно вознемирена се пожалила дека кучето ѝ го растргнало здолништето.

– Јас ја сретнав жената која ме замоли да ѝ помогнам со сукњата која ептен и ја имаше растргано. Имаше и траги од нокти и заби на ногата. Сè што знам е дека кучето било кафеаво и дека ја нападнало некаде на улица „Лазар Поп Трајков“ во делот спроти полицијата. Ми рече дека имало двајца луѓе во близина кои не ѝ помогнале, за жал. Агресивни кучиња има од најразлични причини, можеби и кучето е лошо третирано. Ама сепак дали постои некоја организација која може да се погрижи да не се повтори случката – прашува Данкица.

Наталија С. Вели дека пред извесно време друга жена исто така и се пожалила дека куче ја нападнало и таа носела здолниште и агресивното животно ѝ го искинало.

– Кучињата реагираат на непознато и тогаш, за да се заштитат – напаѓаат. Кога куче напаѓа, тоа го прави со причина, или нешто го вознемирило, може нешто го боли, а можеби има малечки – вели Наталија. 

Лидија Ј. кажува дека често пати била сведок на случки каде што луѓе ги бркаат кучињата ако лежат, им викаат, ги клоцаат со нога или пак, фрлаат со камен по нив. Но, има и случаи повеќе кучиња да трчаат по велосипедисти, или пак, по тркалата на автомобили кои ги иритираат.

Но, не сите бездомни кучиња се агресивни. Затоа, ги повикуваат надлежните да го лоцираат и уловат кучето-напаѓач и апелираат да се направат што повеќе прифатилишта за да може државата што похумано да ги згрижува бездомните животни.   

(С.Бл.)