Куман откри зошто ја одбил Барса

21

Селекторот на Холандија, Роналд Куман откри дека неговиот ангажман за својата татковина била причината за неговото одбивање во Барселона во јануари.

Како што е познато, Каталонците беа во потрага по нов тренер за да го заменат Ернесто Валверде, а Куман беше една од главните опции пред именувањето на Кике Сетиен.

  • Да, ме побараа од Барса. Но, реков не, затоа што ја водам репрезентацијата на Холандија, кратко и јасно изјави легендата на „блаугранас“.

Стратегот го прокоментира и Френки де Јонг, кој има променлива прва сезона на „Ноу Камп“.

  • Де Јонг игра многу за Барса и ова е позитивно. Тој игра на поинаква позиција во споредба со таа која ја има во репрезентацијата. Тој е млад и ќе научи повеќе, додаде Куман.