Куманово сиво и празно, полициски час се почитува

394

Откако Владата донесе одлука за полициски час  од синоќа од  21: 00 до 05:00 часот во понеделник, во Куманово буквално се замре. Полицискиот час се почитува, се е затворено, а на улиците единствено може да се забележат полициските патроли и по некое возило на медиумските екипи.

Калабалак на улиците и пред продавниците беше синоќа  пред стапувањето во сила на полицискиот час. Пред маркетити имаше  колони од луѓе кои чекаа ред за да купат потребни прехрамбрени производи, а гужви имаше и пред  банкоматите на  банките и аптеките.  Сите беа растрчани во последен момент да го земат тоа што им е неопходно во наредните два дена.

Куманово, после Дебар е втор град по големнина на број на заболени по глава на жител.

Забраната за движење во работните денови, од понеделник до петок, ќе важи во периодот од 16:00 до 05:00 часот. За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на атарот на селата, исклучиво за работните потреби.

Од општината Куманово во писмено соопштение апелираат до граѓаните при појава на било какви симптоми, кои можат да укажат на инфекција со корона вирус, веднаш да го исконтактираат својот матичен лекар и доколку бидат упатат до болница да не одбиваат хоспитализација ако тоа им е препорачано од дежурниот лекар.

„Согласно препораките на Владата и информацијата од МВР сите граѓани кои имаат потреба за итни излегувања од дома за време на полициски час (потреба од медицинска услуга, работно ангажирање и др.) да го најават своето излегување на телефонскиот број 192“ се вели во соопштението од кумановскиот кризен штаб .

М. Анчевска