Спејс Икс им забрани на вработените да ја користат апликацијата за видео повици Зум поради грижа за приватноста

1259

Компанијата Спејс Икс, чиј сопственик е Илон Маск, им забрани на своите работници да ја користат апликацијата Зум (Zoom) за видео повици, поради недоверба во начинот на кој функционира апликацијата, со оглед на тоа што беше спорно тоа што споделија приватни пораки на корисниците на компанијата Фејсбук.

Ројтерс пренесува дека ова се случило неколку дена по предупредувањето издадено од  државната полиција, која ги истражуваше спорните случаи.

Инаку, компанијата Спејс Икс влезе во историјата како прва компанија која успешно достави товар на Меѓународната вселенска станица, со лансирањето на ракетата Фалкон, во 2012 година. Во план е и транспорт на луѓе во вселената.

Во електронската пошта на компанијата испратена на 28 март, пишува дека на сите вработени им е оневоможен пристап до апликацијата Зум. Се наведува и дека разбираат колку таа им ја олеснувала секојдневата комуникација, ама дека е подобро во иднина да користат електронска пошта, пораки или видео повици преку мобилните телефони. Спејс Икс во моментот брои околу шест илјади вработени.

НАСА, која е еден од главните клиенти на оваа компанија на Маск, исто така на вработените им го забрани користењето на Зум.

Извор:reuters.com