Кулибали наследник на Пике

40

Каталонскиот гигант Барселона најверојатно ќе биде следната дестинација на сенегалскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Калиду Кулибали. Шпанските медиуми информираат дека централниот дефанзивец веќе ги има договорено личните побарувања и додаваат дека во следните неколку недели раководните лица на двата клуба ќе се обидат да постигнат договор околу обештетувањето кое нема да биде помало од 70 мил. евра.