Романскиот ракометен клуб ЧСМ Букурешт, иако располага со голем буџет не успеа да се пласира на фајнл – фор турнирот во Лигата на шампионите во женска конкуренвија. Романките во реванш натпреварот од четвртфиналето одигра само реми против Есбјерг, 27:27 (12:14). На првиот дуел, кој беше одигран во Букурешт, данскиот претставник триумфираше со еден гол разлика 26:25.

Есбјерг за првпат ќе игра на завршницата од Лигата на шампионите и ќе има можност да се бори за титулата во престижното натпреварување. ЧСМ Букурешт три сезони успеваше да стигне до Ф4, а во сезона 2015/16 со победата над Ѓер го освои првото место.

Освен Есбјерг, пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта обезбедија и екипите на Вајперс Кристијансад, Ѓер, како и Мец, кој без борба влезе меѓу најдобрите четири екипи во Лигата на шампионите поради дисквалификацијата на Ростов Дон од страна на ЕХФ.