Кристина, бившата на Кајмакоски, разочарана од коментарите на македонската публика – Дали има причина?

350

Кристина Димитри во јавноста е сè уште добро позната како поранешна сопруга на познатиот поп пејач Даниел Кајмакоски. Тие се разделија, пред некоја година, нивниот брак пукна кога многумина очекуваа да ги видат среќни и насмеани. Но не било така. Без разлика на сè, сега згодната Кристина е посветена на соло кариерата. Интензивно настапува и пее по ноќните клубови. Ја има и по телевизиските емисии во кои зборува „без влакна на јазикот“.

Неодамна во емисијата кај водителката  Снеже Велков, ја поткачи жешката тема за изгледот на своите колешки од Србија и Бугарија: -Сите ние во Македонија им се воодушевуваме на Србинките и Бугарките. А, за жал за нашите Македонки кои исто така мошне добро изгледаат и атрактивно се облекуваат, велиме – Леле, за греота, види ја, како се облекла, коментира разочарано убавата Димитри. (Д.М.)