Криптовалутата на Фејсбук ја намали цената на биткоинот за 11 проценти

92

За речиси 11 отсто се намали цената на биткоин откако американскиот Сенат ги слушна креаторите на новата криптовалута на Фејсбук – либра. Односот на властите кон новата дигинална валута не е особено позитивен, а тоа пречи на инвеститорите во биткоин, бидејќи притисокот може да доведе до колапс на пазарот, пишува „CNN“.

Во моментов, цената на биткоин е 9.590 долари, а за прв пат по две недели паѓа под 10.000 долари. Но, тоа можеби не е последната несреќа за дигиталните пари, бидејќи има уште едно сослушување за либра од страна на Комисијата за финансиски услуги на САД.

Фејсбук објави дека ќе ја пушти либра на пазарот во 2020 година, откако предизвика шок кај регулаторите и законодавците. Сега, социјалната мрежа се обидува да го привлече Вашингтон на своја страна, ветувајќи дека нема да има проблем со безбедноста на потрошувачите. Но, Сенатот не мисли така.

„Либра беше едноставно разбиена во Сенатот“, посочува Ленон Свитинг, главен трејдер на Coinsquare Capital Markets, цитиран од агенциите.

Властите се загрижени од либра повеќе отколку од веќе постоечките валути, бидејќи 2,4 милијарди корисници на Facebook можат да почнат масовно да го купуваат, а пазарот се уште е слабо регулиран. И покрај тоа што првично доведе до пораст на биткоин, појавата на либра силно го погоди пазарот. Настрада и втората по важност криптовалуте, етереум, чија цена се намали за 12%.