Во мај платите во Британија пораснаа најмногу по 2008 година

63

Платите во Велика Британија во мај беа повисоки за од 3,6 проценти во споредба со истиот период минатата година, што претставува најголем пораст од 2008 година, објави британската канцеларија за статистика ОНС во вторникот.

Ова, исто така, значи дека платите во Велика Британија растат побрзо од инфлацијата во март минатата година, според податоците од ОНС објавени од „Би-би-си“.

До крајот на мај бројот на вработени во Велика Британија достигна рекордни 32,75 милиони, додека без работа се 1,29 милиони граѓани, што е најмалку барем од 1992 година.