Кралот Чарлс Трети НЕ Е мртов: Британската амбасада во Москва официјално ја негираше небулозната вест на руските медиуми што го шокира светот

1322
Британската амбасада во Москва соопшти денеска дека кралот Чарлс Трети не е мртов, и конечно ги демантираше засекогаш информациите кои руските медиуми ги прнесуваа тврдејќи дека починал, пренесе Дејли мејл.

Имено, денеска во руските медиуми се појави вест дека починал британскиот крал Чарлс Трети. Информацијата беше објавена и на каналот на Телеграм Ведомости, некогаш најценетиот деловен весник во Русија. Ведомости сподели фотографија од Чарлс во свечена воена униформа и додаде краток коментар: „Почина британскиот крал Чарлс Трети“.

Веста продолжи да се шири, а информациите за наводната смрт на Чарлс Трети беа објавени и од Реадовка, про-кремљски телеграмски канал со повеќе од 2,35 милиони претплатници. Заедно со фотографијата на кралот, Реадовка објави и документ и го претстави како документ од Бакингемската палата.

„Следното соопштение беше објавено од страна на кралската комуникација. Кралот ненадејно почина вчера попладне“, се вели во документот, а како датум е денешниот датум, 18 март. Се појави друга верзија на документот, во која се зборува за абдикација. Веста потоа стигна до Украина, каде што беше реемитувана од водечка телевизија, пишува Гардијан.

Некои медиуми потоа ги променија првичните објави. Руската веб-страница Газета.Ру првично напиша на Х: „Почина кралот на Велика Британија Чарлс Трети. Ова го објави Бакингемската палата. Монархот имаше 75 години. Неодамна му беше дијагностициран рак“.

Потоа беше додадена следната белешка: „Во исто време, ништо не е напишано за ова во официјалните британски медиуми. Најверојатно информацијата е лажна“.

Сомнежите конечно ги разреши руската државна новинска агенција Тас, нагласувајќи дека „кралот Чарлс Трети продолжува да ги извршува своите службени должности“.