Некогаш беше една од најубавите спортистки, но минатата година заврши во затвор, па животот ѝ се распадна и сега изгледа непрепознатливо. Поранешната професионална борачка во ВВЕ (познатата кечерска организација), Теми Лин Сич (51), имаше успешна боречка кариера. Таа бележеше успеси, но нејзините славни денови се само минато. Нејзината иднина беше сè, освен она што ѝ се случи.

Во ноември 2023 година, Сич беше осудена на 17 години затвор за фатална сообраќајна несреќа, која ја предизвикала во пијана состојба. Нивото на алкохол во крвта на Сич, еден час по несреќата, било помеѓу 0,32 и 0,34, што е повеќе од четири пати повеќе од дозволената граница, соопштија обвинителите.

Властите, во доцните часови, пронашле во нејзиниот автомобил и отворено шише вотка, како и канабис. Веста дека ќе помине речиси две децении зад решетки брзо ја уништи.

Иако според некои странски извештаи заработила 11 милиони долари во кариерата, сето тоа е залудно, бидејќи ќе мора да одлежи голема затворска казна.

Американката влезе во борењето во 1995 година, а откако го напушти спортот во раните 2000, започна надолната траекторија.

Таа беше прогласена за „опасност за општеството“ откако предизвика смрт на 75-годишен маж, минатата есен. Нејзиниот тим ја обжали одлуката на судот, но засега нема промена. Дополнително, обвинителот во овој случај побара максимална казна од 25 години.

Бидејќи се смета за „јавна опасност“, Тами Лин Сич нема да биде ослободена додека се чека конечната судска одлука.