Раководните лица на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Јунајтед, пред неколку дена биле информирани дека централниот дефанзивец на Ајакс, Матијас де Лигт, не сака да се пресели на „Олд Трафорд“. Репрезентативецот на Холандија сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок, а според холандските медиуми најблиску до неговиот потпис се шпанските гиганти, Барселона и Реал (М).